Missing image

ФИА ја објави листата на пилоти и тимови за сезоната 2018

Париз, 5. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Непосредно пред почетокот на предсезонските тестови во Формула 1 од ФИА ја објавија комплетната листа со тимовите и пилотите кои оваа година ќе се наредат на стартната линија.

Во новата сезона, која ќе има содржи 21 трка, своето деби ќе го направат двајца пилоти – тоа се Шарл Леклер и Сергеј Сироткин. Русинот потпиша договор со Вилијамс и ќе соработува со Ленс Строл, а Шарл ќе вози Заубер со број 16.

И кога стана збор за Заубер – од оваа година тимот официјално се нарекува „Алфа Ромео Саубер Ф1 Теам“. Автомобилот ќе биде во боите на својот нов спонзор и ќе биде промовиран на 20-ти февруари.

Со промени во имињата се и други тимови: Ред Бул стануваат „Астон Мартин Ред Булл Рацинг“, а Торо Росо ќе се „Ред Булл Торо Россо Хонда“.

Од листата на ФИА, станува јасно дека Форс Индија се уште не се изјасниле дали ќе го заменат името и се очекува да кажат кога ќе го претстават овогодинешниот болид – настан за кој се уште нема потврден датум.

Пилоти и тимови за 2018-та во Ф1:

8 Ромен Грожан, Хас
20 Кевин Магнусен, Хас

14 Фернандо Алонсо, Мекларен
2 Стофел Вандорн, Мекларен

44 Луис Хамилтон, Мерцедес-АМГ Петронас
77 Валтери Ботас, Мерцедес-АМГ Петронас

3 Даниел Рикардо, Астон Мартин Ред Бул
33 Макс Верстапен, Астон Мартин Ред Бул

27 Нико Хулкенберг, Рено Спорт
55 Карлос Саинц, Рено Спорт

11 Серхио Перез, Форс Индија
31 Естебан Окон, Форс Индија

9 Маркус Ериксон, Алфа Ромео Саубер
16 Шарл Леклер, Алфа Ромео Саубер

5 Себастијан Фетел, Скудерија Ферари
7 Кими Раиконен, Скудерија Ферари

10 Пјер Гасли, Ред Бул Торо Росо Хонда
28 Брендан Хартли, Ред Бул Торо Росо Хонда

18 Ленс Строл, Вилијамс Мартини
35 Сергеј Сироткин, Вилијамс Мартини трки. (Крај)

извор: Стандард фото: архива