eurovision-song-contest-2018-lisbon

Македонија ќе настапи во првата полуфинална вечер на Евросонг во Лисабон

Скопје, 3. февруари 2018 (Inpress) – Претставникот на Македонија ќе настапи во првата полуфинална вечер на 8-ми мај, на 63-от Избор за песна на Евровизија, што годинава ќе се одржува во Лисабон, Португалија.

Извлекувањето се одржа во живо на каналот на официјалниот Youtube канал на Евросонг.
Со оглед на тоа што годинава има непарен број земји учеснички, 37, во првата полуфинална вечер ќе настапат 19, а во втората 18 земји.

Наши ривали истата вечер ќе бидат соседните Бугарија, Албанија, Грција и Хрватска, какои и Белорусија, Литванија, Чешка, Белгија, Исланд, Азербејџан, Израел, Естонија, Швајцарија, Финска, Австрија, Ирска, Ерменија и Кипар. Во второто полуфинале, на 10-ти мај во трка за место во финалето ќе бидат Русија, Србија, Данска, Романија, Австралија, Норвешка, Молдавија, Сан Марино, Холандија, Црна Гора, Шведска, Унгарија, Малта, Летонија, Грузија, Полска, Словенија и Украина.

evrovizija-520x299

Со ждрепката беше одлучено и кога ќе гласаат земјите од големата петорка и домаќините. На 8-ми мај ќе гласаат Португалија, Шпанија и Велика Британија, а на 10-ти Германија, Франција и Италија.

Дополнително ќе се утврдува под кој реден број ќе настапуваат учесниците.

Што се однесува до тоа кој ќе ги брани боите на Македонија на ова натпреварување, во тек е конкурсот што го распиша Македонската телевизија, а домашни и странски автори можат да ги праќаат своите композиции најдоцна до 8-ми февруари. Потоа, врз основа на избраната композиција ќе биде предложен изведувач или група изведувачи кој ќе не претставува во Лисабон. (Крај)

извор: Inpress фото: Eurovision.tv

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest