kontejneristaklo

Нови контејнери за селекција на стакло во Охрид

Охрид, 4. февруари 2018 (Inpress) – Нови контејнери за селекција на стаклен отпад, т.н. зелени контејнери се поставени во Охрид, Струга, Скопје, Прилеп, Струмица, Штип и во Велес, соопшти компанијата „Пакомак“, која ги повикува жителите да се приклучат на еко-мисијата и да ги користат што е можно почесто.

– Во повеќе акции за спроведување стаклен отпад од домовите, реализирани во Охрид, Прилеп и во Скопје – во населбите Козле, Тафталиџе и Аеродром, досега се собрани повеќе од 90.000 шишиња, тегли и друг стаклен амбалажен отпад, инфирмираат од компанијата. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest