black_vice_ohrid_640x360

„The Black & Vice Social Club” со концерт во Охрид

Охрид, 4. февруари 2018 (Inpress) – Алтернативниот рок бенд од Скопје, The Black & Vice Social Club, со концерт во Охрид.

Инспириран од лични искуства, надворешни околности и случајни појави, бендот дава моќни и сурови перформанси на интензивни рок-песни со значајни текстови. Основан во 2013 година и активен во сегашната постава од есента 2014 година, бендот објави еден студиски албум под името „Until the road is a dead end” во декември 2015 година, проследен со кратка промо турнеја низ Балканот, како и како бројни концерти во Скопје и повеќе градови низ Македонија. Албумот беше номиниран за најдобар албум за 2016 година на Македонските алтернативнни награди.

Во бендот членуваат: Ади Имери, вокал, гитара, Благоја Антовски – тапани, Горјан Стојменовски – гитара, Стефан Стојчев – бас гитара, бек вокал и Симон Пеоски – гитара, бек вокал.

Концертот е закажан за 11-ти февруари, на алтернативната сцена во Центарот за култура „Гриогр Прличев“. Почетокот на концертот е во 21:00 часот, а цената на влезниот билет е 150 денари. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest