TOEFLkurs

Пролетен циклус за подготовка за полагање TOEFL во Црвен крст Охрид

Охрид, 5. февруари 2018 (Inpress) – Поради големиот интерес Црвен крст Охрид започнува нов, пролетен циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL. 

Подготовката, која во вид на часови ќе започне да се реализира на 12-ти февруари, ќе трае 10 недели, а ќе ја спроведува волонтер на Мировен корпус Македонија, кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид.

TOEFL (Test of English as a Foreign Language) е најраспространет и светски прифатен тест за проверка на знаењата за англискиот јазик. 9000 универзитети, колеџи, агенции го признаваат тестот и тоа во 130 земји ширум светот вклучувајќи ја и Македонија. TOEFL е тест кој исто така се користи за докажување на познавањето на англискиот јазик за државната администрација во Македонија.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, или на тел. 046 262-706 и 070 315-309 или на е-маил ohrid@redcross.org.mk најдоцна до 10-ти февруари. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest