ohridskoezero

Нивото на Охридското езеро на 18 сантиметри над нултата кота

Охрид, 5. февруари 2018 (Inpress) – Водостојот на Охридското езеро е блиску до просекот за овој месец.

По обилните врнежи од дожд што викендов го зафатија охридскиот регион, според последните мерења од УХМР, езерската вода е на  котата од 693,35 метри надморска височина, односно 18 сантиметри над нултата кота (693,17). Со оглед на тоа што просекот за овој месец е 693,41 метри надморска височина, значи водостојот е во рамки на очекуваното.

Температурата на водата во Охридското езеро изнесува 6,5 степени.

Кога сме кај водостојот на реките, врнежите го покачија водостојот на Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун. (Крај)

извор: Inpress фото: Inpress

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest