nasilstvo1-640x358

Кривична за охриѓанец кој психички и физички ја малтретирал сопругата

Охрид, 5. февруари 2018 (Inpress) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста при семејно насилство”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К. (40) од Охрид.

Пријавениот казненото дело го сторил во текот на мај и декември минатата година со психичко и физичко малтретирање на неговата сопруга. При семејна вербална расправија случена на 4-ти декември минатата година,пријавениот и упатил сериозни закани на сопругата по што ја турнал по скалите во семејната зграда каде што живееле.

Притоа, Ј.К. продолжил да и се заканува со убиство доколку веднаш не го напушти семејниот дом. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest