opstinaohridsologo

Објавен повик за пријавување на штети од поплавите

Охрид, 6. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Општина Охрид објави повик за пријавување на штети од поплавите кои го зафатија нашиот регион на 4-ти февруари.

Материјалните штети на нивните имоти (станбени објекти, земјоделски објекти, деловни простори) граѓаните може да ги пријавуваат почнувајќи од денес, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот во Општински услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на телефонскиот број 046/262-492.

Лице за контакт е Радован Вељаноски, претседател на Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.

Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопии од лична карта, трансакциска сметка и доказ за сопственост на имотот (имотен лист), а доколку лицата поседуваат фотографии истите да ги приложат кон барањето. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest