SilkRoadBanka2-640x360

Фатен разбојникот од охридската „Силк Роуд“ банка и уште пет други тешки дела

Струга, 7. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Во експозитурата на „Шпаркасе“ банка на улицата „Јанко Михајлоски“ во Кичево, вчера околу 14:00 часот, едно лице со закана со пиштол извршени казнено дело „разбојништво“.

– Полициски службеници од полициската станица во Кичево веднаш излегоа на терен и по преземени мерки за кратко време е пронајден и приведен 34-годишниот Ч.Д. од струшкото село Ливада. Ч.Д. е затекнат со најлонска црна вреќа со пари во рацете, црни очила, нараквици и еден пиштол. Во консултација со јавен обвинител, на местото на настанот е извршен увид. По преземените соодветни мерки и активности и извршен разговор со осомничениот утврдено е дека тој е сторител на шест кривични дела „разбојништво“, две извршени на 12.12.2017 година и 06.02.2018 година во „Шпаркасе“ банка во Кичево, на 25.11. и 06.12.2017 година во експозитурите на „ТТК“ банка во Струга, разбојништвото извршено на 05.12.2017 година во казиното „Астра“, како и на разбојништвото во „Силк Роуд“ банка во Охрид извршено на 30.11.2017 година. Со извршувањето на кривичните дела Ч.Д. се стекнал со протиправна имотна корист од околу 1.200.000 денари, информираат од СВР Охрид.

Секторот поднесе три кривични пријава против Ч.Д. поради основано сомнение дека е сторител на шест кривични дела „разбојништво“. Кривичните пријави ги поднесоа надворешните канцеларии за криминалистички работи при полициските станици во Охрид, Струга и Кичево за сторени три казнени дела „разбојништво“ во Струга, едно во Охрид и две во Кичево. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest