zdruzeniesovest-639x360

„Совест“ процесуирал кривични и прекршочни пријави, бара стопирање на градежните активности на Али пашината џамија и вклучување на УНЕСКО во постапката

Охрид, 7. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Пред очите на јавноста кај Али пашината џамија се одвива градба без одобрение за градба, на што укажуваат и документите со кои располагаме, а ги имаат и сите надлежни институции, потенцираа на денешниот прес од Здружението „Совест“.

Ако за културно наследство е прогласена самата Али пашина џамија со законот и комплетниот простор околу е културно наследство. Во ниеден момент работите таму не престанаа, се гледаат нови столбови во делот од предпросторот.Ако е конзервирање, прашање е како овие столбови сега се конзерваторски, истакна претседателот на Здружението, Михаил Трендафилов.

– Бараме веднаш да престанат сите активности, да се формира комисија која независно ќе ја испита целата процедура во која би се вклучил и експерт од нивна страна, да се посвети посебно внимание на членовите 5 и 6 од законот за заштита на културното наследство, да се ангажира лабораторија за испитување на староста на ѕидовите и да се вклучи УНЕСКО, затоа што Охрид веќе има проблем на тоа поле, рече Трендафилов.

dzamijastolbovi

Членовите на здружението ја потсетија и локалната самоуправа да ги користи своите надлежности во оваа ситуација.
– До советот на Охрид еден „голем“ поздрав. Да, ние сме народот за кој се направите да ве изгласа, народот без кој нема да сте таму каде што сте. Па, зарем се толку различни потребите па секогаш треба да одлучува некое тесно мнозинство. Ние не сме Совет, ние сме Совест и од вас бараме да не бидете само бројка. Бидете свои, за сите да бидеме наши, за нашиот Охрид, подвлече претседателот Трендафилов.

Тој презентира и нови документи и фотографии до кои дошло здружението.

dokument1

– На целиот простор од локацијата се откри некропола на која се следи континуитет од IV век п.н.е до V век н.е и од XIII до XVIII век.  На источниот дел се откри античка варница и фурна за керамика а под нејзино ниво богат фрагмет од керамички материјал од предисториско, халштад железно време. И сега некој не прашува знаете ли вие дека Али пашината џамија е од XVI век, но нас не интересира она што било 2000 години претходно. Ако е културно наследство, нас не интересира сите пластови што се таму пронајдени. Ако се интерпретираат, ќе се види што значи култура. Не значи дека таа култура сме само ние македонците, имало римјани, византијци, славјани, турци…. но ако сме цивилизирани ако се наошаме во XXI век ние треба да се отвориме и да прикажиме вредност која ќе биде капитална, посебно за УНЕСКО, со која сме во контакт и е упатена во целата ситуација, кажа Трендафилов.

osnovadzamija

dokument2
Тој презентира и документ од времето кога Паско Кузман бил в.д директор на Управата за заштита на културното наследство, во кој стои дека со пермамнентно присуство на стручна екипа од Завод и музеј се разоткрија археолошки остатоци од римска градба, во која има терма, праисториска садова керамика од крајот на бронзеното и железното време, а над рушевините на термата доцна античка некропола, засведени и ѕидани гробници.

Како што и најавија, од Здружението „Совест“ веќе процесуирале кривични и прекршочни пријави против инволвираните. Кривични се поднесени против градежниот инспектор Виолета Петрушевска од Државниот градежен испекторат, против советникот за архитектонско културно наследство, м-р Билјана Пачкова – Куфојанакис, до раководителот на секторот за превенција и инспекциски надзор на културното наследство во Управата за заштита на културното наследство, Зоран Павлов, до екс директорката на Завод и музеј и уште 13-14 прекршочни пријави.

Со информација околу најновите случувања излегоа и од Министерството за култура. Веќе е формирана комисија од стручни лица, која ги испитува сите околности во однос на реконструкцијата на Али Пашината џамија.

– Работната група дојде до заклучок дека министерот за култура нема основа да ги запре работите, но ги охрабруваме сите надлежни институции да постапуваат доколку имаат индиции за прекршување на законските процедури.  Работната група препорача, а Министерството ќе достави барање до УНЕСКО за стручно мислење – дали е во склад со стандардите за заштита на градот да се реконструира објектот во такви димензии, велат од ресорното министерство. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest