bibliotekasliki

Повторно збогатување на книжниот фонд во охридската библиотека

Охрид, 7. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Полиците во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид повторно се збогатени со уште неколку нови наслови.

Љубителите на пишаниот збор може да ги најдат: „Сага за Охрид” од Валентина Неловска, „Таи” од Горан Гоциќ, „Пијанистка” од Елфриде Јелинек, „Снежна пустина” од Игор Трајковски, „Книга на сеќавања” од Петер Надаш, „Небо во оган” од Марио де Са-Карнеиро, „Авел Санчес” од Мигел де Унамуно, „Петар од Чеган” од Јордана Тодоровска, „Вечниот син” од Кристовао Теза, „Јас и Лин отпосле” од Ана Стојаноска, „Кога ветровите стивнуваат” од Билјана Станковска и „Невидливи љубови” од Владимир Јанковски, информираат од охридската библиотека. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest