vmroohridlogo

ВМРО-ДПМНЕ: Министерот Алаѓозовски да ги стопира градежните работи на Али пашината џамија додека не добие мислење од УНЕСКО

Охрид, 7. февруари 2018 (ИНПРЕС) – ВМРО-ДПМНЕ го повикува министерот за култура Роберт Алаѓозовски се` додека не се добие мислење од УНЕСКО да ги стопира градежните работи поврзани со Али пашината џамија, реагираат од ОК на партијата.

– Следејќи ја внимателно ситуацијата околу состојбите поврзани со Али пашината џамија и изнесените ставови на граѓанското здружение „Совест“, ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид дава максимална поддршка за разјаснување и бара веднаш да се издејствува стручно мислење од УНЕСКО. Актуелниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и покрај јавно дадениот збор, дека Министерството ќе ги прекине градежните работи, ништо не презеде тоа реално да се оствари, па дрзнувајќи се, го менува мислењето и кажува дека не може тоа да го направи и не било во негова надлежност. Надлежните иснтитуции, Управата за заштита на културното наследство како и Државниот инспекторат, а градежништво и урбанизам да излезат на терен и веднаш да се вклучат во врска со активностите и изведувањето на градежните работи. Во јасно дефинираните политики на ВМРО-ДПМНЕ, никогаш немало ниту ќе има нешто против заштитата на културното наследство, вклучувајќи ги тука и верските објекти од секоја вероисповед и нивно обновување, реставрација и конзервација. Укажуваме дека тоа мора да се спроведе според Законот за заштита на културно наследство и според сите конзерваторски принципи за конзервација на еден објект, рагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest