mkd-361508_640x360

Промоција на поезија на словенечкиот амбасадор Јазбец објавена на македонски и словенечки јазик

Скопје, 8. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Во рамките на одбележувањето на Прешерновиот ден, во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје, вечерва од 19:30 часот, ќе биде промовирана поетската книга „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ од Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Република Словенија во Република Македонија.

Книгата е објавена на словенечки и на македонски јазик во препев на Викторија Блажевска и Соња Должан. За најновото дело на авторот ќе говори проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска.

– Сите песни на Милан Јазбец извираат од една љубов. А, таа љубов може да се сфати како љубов кон саканата, кон предците и потомците, кон татковината, констатира Раде Силјан во предговорот на изданието.

Збирката песни „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ е двојазично македонско-словенечко издание и е публикувана од страна на издавачките куќи „Матица македонска“ од македонска и „Форма 7“ од словенечка страна. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest