programiranje

Програмирање, веб и графички дизајн – најплатени професии на иднината

Охрид, 8. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Програмирање, веб и графички дизајн ќе бидат најбараните и најплатените професии на времто кое доаѓа. Минатата година овие професии, со просечна плата од над 50.000 денари беа на второто место според висина на приходи во Република Македонија.

Ако за некои професии има постојана побарувачка во бироата за вработување, тоа се токму овие професии. Причината за тоа се секако високите приходи во оваа област, посебно за македонски прилики, но и слободата во работата, пазарот кој буквално е целиот свет, можноста да се работи од секаде, па и од својот дом и многу други. Истражувањата јасно покажуваат дека експерти од овој тип ќе бидат се` повеќе барани во наредните децении. Неофицијално, девелоперите во оваа област во Република Македонија заработуваат до 900 евра месечна плата, додека примањата на сениорите се двојно и тројно повисоки.

Software developing

Компјутерите и софтверот се насекаде околу нас

Ако кога ќе се спомне софтвер помислувате само на она што е потребно за работа на компјутерите, телефоните и другите „паметни“ уреди, тогаш разгледувате само еден дел од можностите. Ширум светот скоро и да нема бизнис кој функционира без некој вид софтвер: медицинските уреди, куќните апарати, автомобилите…

Школувањето на кадри кои можат да ги развиваат овие апликации и софтверски пакети, и покрај тоа што се очекува да трае долго, не трае многу и не бара сите свои обврски да ги подредите на учењето. Благодарение на развојот на технологијата и напредните методи на учење, вештините се совладуваат релативно брзо и скоро секој со основни предзнаења може да стигне до одредено ниво.

Software Developer

Што мора да знаете за да работите во оваа област?

Апликациите и софтверот се развиваат во склад со потребите и барањата на клиентите, кои можат да бидат од повеќе области. Сите заинтересирани мора да знаат како својата идеја да ја претстават во кодот, потоа тоа да се тестира и да се работи на неговото одржување и развивање и унапредување. За сето ова потребни се знаења за работа со Java, PHP, C# и други програмски јазици, кои можат да се совладаат за помалку од една година.

Експертите во оваа област се согласни дека за максимални резултати е добро да се започне со едукација уште од најрана возраст. Во Охрид одлични резултатите покажуваат посетителите на Детскиот Едукативен Центар на Семос Едукација, која е водечка компанија во обуките на полето на информатичката технологија. После 22 години успешна работа во Скопје и повеќе од 55.000 ученици, конечно започна со работа и во Охрид, во просториите на нивниот партнер, LIGO Центарот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest