nebojsa-glogovac

Почина актерот Небојша Глоговац

Белград, 9. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Српскиот актер Небојша Глоговац почина на 48-годишна возраст по тешка болест, јавија српските медиуми.

Глоговац пред 10 дена бил итно примен во Институтот за онкологија. Тогаш медиумите напишаа дека славниот актер е тешко болен и дека неговата здравствена состојба е сериозна.

Здравствената состојба на Глоговац нагло се влошила последните денови на декември, пред Нова година па по совет на пријател и лекарот, наводно, првите денови од новата година заминал во Германија по помош и по консултацијата со тамошните лекари се вратил во Белград. Се лекувал на Институтот за онкологија на Клиничкиот центар Србија, каде што примал терапии.

Небојша Глоговац беше роден на 30 август 1969 година, студирал психологија на Филозофскиот факултет во Белград, а по две години се префрлил да студира глума на Факултетот за драмски уметности во Белград. Тој ќе остане запаметен по бројните улоги во телевиски серии и филмови и во театар. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest