heroin1

За да не ја пронајде полицијата, стружанец проголтал две паковки хероин

Струга, 9. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични психотропни супстанци и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.И.(35) од Струга.

Откако полициски службеници го запреле пријавениот при управување моторцикл во близина на кружен тек кај улицата „Јане Сандански“ во Охрид, тој веднаш во уста ставил и проголтал две паковки со кафеава, непозната прашкаста материја. При извршен преглед, кај него пронајдени и одземени се 10 ампули со непозната содржина како и неколку шприцеви и игли.

По извршено вештачење, констатирано е дека се работи за опојна дрога хероин и ампули дијазепам. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest