zoran-zaev-angela-merkel-sredba1-640x344

Заев на 21-ви февруари ќе се сретне со Меркел

Скопје, 9. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Премиерот Зоран Заев на 21-ви февруари ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. 

Оваа средба епредвидена во рамки на посетата на македонската владина делегација на Германија која ќе ја предводи Заев, соопштуваат од Владата.

Заев се сретна со Меркел во јули минатата година во Трст на маргините на Самитот „ЕУ – Западен Балкан“, кога германската канцеларка искажа поддршка за суштински реформи и интеграција на Македонија во ЕУ. (Крај)

извор: Р.С Европа фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest