cetkarusa

Со настап во „Xippo“ во Чикаго, Четкар ја заокружува зимската турнеја во САД

Чикаго/Охрид, 9. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Со настап во престижниот клуб „Xippo“ во Чикаго, нашиот гитарист Владимир Василевски Четкар во вторник, на 13-ти февруари ја заокружува зимската турнеја во САД.

Четкар претходно настапи во Њујорк, Кливленд и Детроит, каде заедно со неговиот септет се претстави во дел од најпопуларните Американски џез клубови. Меѓу нив се и познатиот „Nighttown“ во Кливленд, „Music Hall Jazz Cafe“ во Детроит и „BB King Blues Club“ во Менхетен, Њујорк.

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest