snegstraza

Снег на Стража, забрана за сообраќај на тешки товарни возила

Охрид, 10. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Поради врнеши од снег, на планинскиот премин Стража е на сила забрана за сообраќај на тешки товарни возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка и на планиските премини Маврово, Стража, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest