pozarnaohrid3

МВР: Во пожарот утрово во Охрид почина 70-годишната М.Д.

Охрид, 12. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Рано утрово, околу 07:15 часот во стан на Бул. „Туристичка“ во Охрид, во сопственост на 70-годишната М.Д., од до овој момент непознати причини, избувнал пожар.

– Во пожарот починала М.Д., која живеела сама и била неподвижна. Смрт констатирала екипа од итна медицинска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest