Semos1

Во четврток 22-ри февруари отворен ден во Семос Едукација и LIGO Digital

Охрид, 13. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Центарот за компјутерски обуки Семос Едукација и Лиго Дигитал, во четврток, 22-ри февруари, во просториите на центарот, во Мини базарот на „Гранит”, наспроти Основното училиште „Григор Прличев”, ќе го одржат вториот отворен ден.

– Отворениот ден започнува во 11:00 часот и ќе трае до 18:00 часот. Настанот ќе биде можност досегашните слушатели на компјутерските курсеви и новите заинтересирани да се запознаат со програмата и содржината на обуките, предавачите и можностите за сертифицирање на здобиените знаења. Истовремено отворениот ден ќе биде можност и ние да ги слушнеме вашите желби и потреби и да воведеме нови курсеви од вашето поле на интерес, а кои веќе 22 години успешно се спроведуваат во Семос Едукативниот центар во Скопје. Инаку, во нашиот локален центар веќе се во тек курсеви за основна комјутерска писменост, програмирање, веб дизајн, графички дизајн. Со отворениот ден ви даваме можност заедно да ја креираме нашата понуда во зависност од вашите интереси. Ве очекуваме во четврток на 22-ри февруари од 11:00 до 18:00 часот, информираат од центарот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest