straza13.022018

На Стража тешко проодно со остатоци од снег на патот

Охрид, 13. февруари 2018 (ИНПРЕС) – На планинскиот превој Стража сообраќајот е тешко прооден, со остатоци од снег на коловозот.

Според податоците кои ги добивме, на патниот правец Охрид – Скопје, до Кичево коловозот е влажен, но чист,  а понатаму има остатоци од снег.

straza13.02

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има кај Македонски Брод, Сарамзалино и Демир Капија. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest