tekvondoseminar1

Маестрален теквондо семинар на Гранд Мастер Ким Унг Чол во Охрид

Охрид, 13. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Одлична завршница на третиот технички семинар со професорот Гранд Мастер, Ким Унг Чол, црн појас, IX дан, што викендов се одржа во спортската сала на Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескеоц.

На овој семинар професорот Ким Унг Чол ги презентираше најновите таеквондо ИТФ техники, кои во иднина ќе бидат од огромно значење за младите таеквондисти од Македонија, потенцира тренерот на „ХВА РАНГ ИТФ“, Марјанчо Лазаревски.

tekvondoseminar4

– Во светот има само двајца луѓе кои ја имаат најголемата титула Гранд Мастер, а ние ја имавме таа чест да учиме од еден од најдобрите во светот за таеквондо. Професорот несебично ни го пренесе неговото искуство и знаење, кое ќе ни биде потребно за натпреварувањата кои ни престојат оваа година. Имавме можност да ни биде претсавена техниката до најситни детали, кои ќе ни користат за наредното Европско Теквондо ИТФ првенство во Талин, Естонија,  вели Лазаревски.

tekvondoseminar2

На двовневниот семинар теквондистите ги усовршуваа своите техники, а пред професорот се спроведе и полагање за црн појас.

– Македонија од овој семинар излезе со нов носител на црн појас, Василија Јовчески. И овој пат најзаслужен за организирањето на престижниот настан беше  генералниот спонзор „ПН Метал“, до кој упатуваме огромна благодарност, рече Лазаревски.

tekvondoseminar3

Семинариот го означи стартот на активностите на теквондистите за оваа година. Веќе се подготвуваат за учеството на „Србија Опен“ во Суботица, на 4-ти март. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest