13_02_2018_Medicinari_Sofija_1

Средношколци од „Св.Кирил и Методиј“ на пракса во Бугарија

Охрид, 13. февруари 2018 (ИНПРЕС) – По успешната обука во Мадрид, ученици од охридското средно стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ се во посета на Универзитетската болница „Александровска“ во Софија, Бугарија.

Праксата е во рамки на проектот Me Doctor“ од програмата „Erasmus +“, кој овозможува мобилност на учениците и наставниот кадар.

Оваа болница спаѓа во групата на реномирани универзитетски болници во Софија – Бугарија и е една од најстарите болници, богати со медицинска историја, која е основана во далечната 1879 год. Размената е ретка можност за еден средношколец да може да помине 21 ден на практична обука во една од врвните универзитетски болници во Бугарија.

13_02_2018_Medicinari_Sofija_2

Учениците се запознаа со системот на организација и работа на УМБАЛ „Александровска“, а потоа беа распоредени во помали групи низ кабинетите и клиничките оддели на болницата и тоа во следните оддели: кабинетите за регистратура, ехокардиографија, интерни заболувања, лабораторија, ОРЛ, кабинетот по ендокринологија, понатака во клиниките за нефрологија, кардиологија, урологија, неврологија, хирургија и очни болести.

Учениците, во четврток, ќе ги посети градоначалникот Јован Стојаноски кој во рамки на посетата ќе оствари  и средба со директорот на болницата, каде охридските ученици ја одржуваат својата практиканска работа и со градоначалничката на Софија, Јорданка Фандкова. На средбата ќе се разговара за реализација на заеднички проекти од повеќе области кои што се во интерес на двете општини. (Крај)

извор/фото: општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest