carinasvrsredba

Работен состанок за контрола на лицата на патнички автомобили со странски регистарски ознаки

Охрид, 13. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Во СВР Охрид, денеска беше одржан работен состанок со претставници на Царинската управа на Република Македонија.

– Работната средба имаше информативно-координативен карактер со цел размена на искуства и поуспешно откривање на царински прекршоци при управување на физичките лица на патнички автомобили со странски регистарски ознаки кои подлежат на Законот за царина. Претставниците на СВР Охрид и на Царинската управа договорија засилени мерки во сообраќајот на целото подрачје и интензивни контроли на терен кон лицата кои бесправно управуваат патнички моторни возила со странски регистарски ознаки. Со цел поголема успешност на предвидените активности, договорени се зачестени едукации на сите полициски службеници кои понатаму ќе треба да ги преземаат мерките на целото подрачје што го покрива СВР Охрид, информираат од Секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest