gavatosneg

Укината забраната за тешки товарни возила на „Ѓавато“, „Пресека“ и „Буково“

Охрид, 14. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Укината е забраната за товарни моторни возила на Ѓавато, каде е нормализиран сообраќајот, информираат од АМСМ.

Укината е и забраната за движење на товарни возила и на Пресека, како и на патниот правец Ресен-Охрид преку превојот Буково.

Забрани за сообраќај на тешки товарни возила сеуште има на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, Струга – Дебар, крак Маврово-Дебар, крак Стража – село Колари – Кичево. На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси.

Поради снежна лавина кај манастирот „Св.Јован Бигорски“ патниот правец Маврово – Дебар од 06:00 часот е целосно во прекин.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните служби.

Поради отстранување на одрони во близина на с. Истибања сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица е во прекин, се користи алтернативен пат Кочани-Виница-Драгобрашта-Бигла-Македонска Каменица. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest