snegohridfevruari

Се нормализира снабдувањето со струја во Охрид, Дебрца и Струга и натаму без електрична енергија

Охрид, 14. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Бројни проблеми во одвивањето на сообраќајот во и надвор од градот, но и прекин на струјата предизвикаа врнежите од снег кои во текот на вчерашниот ден го зафатија Охрид и направија покривка од 15-тина сантиметри.

Покрај тешкотии во одвивањето на сообраќајот, од тежината на снегот попуштија електрични кабли и бандери. Поради тоа Охрид ноќеска и претпладнево беше без струја. Состојбата е нормализирана, екипи на ЕВН на терен ги санираат дефектите.

banderastrujasneg2Состојбата во Дебрца и Струга е потешка, жителите сеуште се без струја, а во некои делови има прекин и во водоснабдувањето. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest