Eye-Cue

„Еye Cue“ ќе ја претставува Македонија на Евровизија

Скопје, 14. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Бендот „Еye Cue“ со песната „Lost and found“ ќе ги брани боите на Македонија на 63-та Евровизија, што годинава се одржува во Лисабон, Португалија.

Автор на музика и текстот е Бојан Трајковски, а аранжманот е на продуцентот Дарко Димитров.

На распишаниот јавен повик пристигнале 382 композиции, а комисијата по пат на елиминација во три круга, на крајот селектираше 12 композиции.

Секоја од композициите во последниот круг од страна на комисијата беше рангирана и бодувана според евровизискиот принцип на гласање. По пребројувањето на гласовите, комисијата одлучи дека песната „Lost and found“ има убедливо најголем број гласови, информираат од МРТ, како носител на лиценцата на Избор за песна на Евровизија.

По повторното преслушување, комисијата според правилата, едногласно заклучила дека одбраната композиција на евровизиската сцена, најдобро ќе ја донесе групата „Еye Cue“ којашто е матична група на авторот со вокалистката Марија Ивановска.

evrovizija-520x299

Годинашниот Избор за песна на Евровизија ќе се одржи во Лисабон, Португалија, на 8-ми,10-ти и финалето на 12-ти мај.

Според ждребувањето, македонските претставници ќе настапат во првата полуфинална вечер. Дополнително ќе се утврдува под кој реден број ќе настапат. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest