straza13.022018

Нормализиран сообраќајот на речиси сите патни правци во државата

Охрид, 14. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Од АМСМ информираат дека е укината забраната за движење товарни возила на планинскиот превој Стража, на Попова Шапка, на патот Ресен-Охрид преку превојот Буково и на граничниот премин „Ќафасан“. Сообраќајот е нормализиран и на Ѓавато и на Пресека.

Поради снежна лавина на патниот правец Маврово-Дебар сообраќајот целосно е во прекин од 06:00 часот. Поради отстранување на одрони во близина на село Истибања, сообраќајот на патниот правец Кочани-Македонска Каменица е во прекин во двата правци. Се користи алтернативен пат Кочани-Виница-Драгобрашта-Бигла-Македонска Каменица.

Според најновите информации, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места има остатоци од кашаст снег по интервенција на дежурните служби. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest