Liga-Sampioni-2

„Кралевите“ го пречекуваат ПСЖ, Ливерпул на гости кај Порто

Мадрид, 14. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Во осминафиналето од Лигата на шампионите вечерва не очекуваат две нови средби. Реал Мадрид на свој терен го пречекува ПСЖ, додека во ист термин од 20:45 часот силите ќе ги измерат Порто и Ливерпул.

Враќањето на Лигата на шампионите го одбележаа синоќашните натпревари меѓу Јувентус и Тотенхем (2:2), односно Базел и Манчестер Сити (0:4). За разлика од натпреварот во Базел, средбата во Торино понуди одлична фудбалска претстава и големо враќање на Тотенхем после дефицит од два гола разлика.

Голем натпревар не очекува во Мадрид, каде екипата на Реал ќе се обиде да ја спасува турбулентната сезона која почна одлично со освојување на европскиот и шпанскиот Супер куп, но потоа продолжи со серија лоши резултати во Ла Лига и Купот на кралевите. Практично, единствениот трофеј на кој Реал може да се надева до крајот на сезоната е токму оној од ЛШ, каде лани го одбрани насловот шампион во минатата година и така стана првиот клуб на кој тоа му успеало од кога ЛШ го носи ова име.

real - psz

Но, спасување на сезоната против расположените Нејмар и ПСЖ, кои мелат се пред себе, нема да биде воопшто лесно. Нејмар повторно ќе игра против Роналдо и сигурно дека ќе гледаме одлични дуели и необични магии со топката на овие двајца мајстори на оваа игра.

ПСЖ повторно доби тежок противник во ЛШ уште во раната нокаут фаза, но Унај Емери истакна дека верува во тимот, за кој смета дека има карактер и моќ да го добие големиот Реал.

Како и да е не очекува огромен двомеч, во кој секако Роналдо и Нејмар се главните актери и оние кои ќе бидат постојано во центарот на вниманието.

Порто не знае за пораз во португалското првенство, а пласман во нокаут фазата од ЛШ избори откако заврши втор во една изедначена група, заедно со Бешикташ кој заврши како прв.

porto -liverpul

Ливерпул ја има улогата фаворит, па јасно е дека Порто нема што да брани и со сите сили ќе се обиде да го изненади тимот на Клоп.

Најголем проблем на Ливерпул е одбраната, но огромна предност пак им е нападот каде ги имаат  феноменалните Салах и Фирмино, а со нив и е Садио Мане.

Не очекува уште една возбудлива вечер од Лигата на шампионите, па се надеваме на многу погодоци и возбудливи резултати пред реваншите. (Крај)

извор: Кајгана фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest