evnsanacijabandera

Екипи на ЕВН Македонија ги санираат дефектите на мрежата во охридско и струшко

Охрид, 14. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Големо невреме проследено со обилни врнежи од дожд и снег предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија во југозападниот дел на Македонија.

Без напојување се дел од населените места во планинските региони во охридско, струшко, во кичевско, гостиварско, во Ресен и околните села, во реканскиот крај, во марвровскиот регион и неколку планински села во тетовскиот регион.

Екипите на ЕВН Македонија во текот на вчерашниот ден ги санираа дефектите во повеќе населени места освен онаму каде што имаше проблеми со пристапот поради големи наноси од снег и одрони на патот. Од утринава екипите се постојано на терен и како ги санираат дефектите, така населените места се пуштаат под напон.

ЕВН ги активираше сите расположливи ресурси, човечки и материјални, со цел побрзо справување со дефектите од невремето. Зимските возила, моторните санки и целата опрема е во служба на екипите за пробивање на најкритичните и непристапни места. ЕВН Македонија е во постојана координација со другите енергетски компании кои го сочинуваат енергетскиот систем во земјава, со цел надминување на сите проблеми кои ги предизвика невремето. (Крај)

извор: emagazin.mk фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest