Од полноќ се намалуваат цените на горивата

Скопје, 19. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Од полноќ цената на горивата се намалува за 2,5 денари.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 65,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 67, Еуродизелот (Д-Е V) за 57, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 45,5 денари за литар.

За 1,243 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 27,856 денари за килограм. Овие цени ќе важат во наредните 14 дена. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива