Централниот регистар и в сабота ќе прима годишни сметки

Скопје/Охрид, 19. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Годишни сметки и финансиски извештаи за минатата година до Централниот регистар на Република Македонија ќе може да се поднесуваат и в сабота, 24-ти февруари.

Канцелариите ќе работат од 08:00 до 16:00 часот во сите градови освен во Кратово, Крушево и Демир Хисар.

– На 26,27 и 28-ми февруари Централниот регистар ќе работи од 07:00 до 21:00 часот, освен во регионалните канцеларии во Македонски Брод, Виница, Берово и Делчево, каде работното време ќе биде од 08:00 до 16:00 часот, информираат од Централниот регистар.

За субјектите со вид на големина (микро и мали) кои нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност, согласно со Законот за трговски друштва, да ја поднесат во електронска форма до 15-ти март. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива