ohridkaneo

Dnevnik.hr: Посетете го волшебното езеро на кое е сместен Балканскиот Ерусалим

Охрид, 22. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Доколку планирате да ја посетите Република Македонија и Охридското Езеро, Ви предлагаме да го посетите Охрид, кој заедно со неговата околина ќе Ви понуди многу, пишува хрватски dnevnik.hr.

– Во езерата има нешто посебно, нешто што не` опушта и смирува. Тоа се совршени места за еднодневна посета, викенд или комплетен одмор. Идеални се за романтично, семејно или самостојно „бегање“ од секојдневието. Можеби само за обична прошетка кога ние е потребен мир. Местото кое не смеете да го заобиколите ако сте во близина секако е Охрид, на брегот на ОхридскотоЕезеро и границата помеѓу Република Македонија и Албанија, пишува порталот.

Ohridsko jezero - 2

Тие пренесуваат и информации за староста на езерото, убавината и посебностите, поради кои Охрид и Охридското Езеро се под заштита на УНЕСКО. Препорачуваат посета на црквата Свети Јован Канео, но и прошетка со брод и задолжително купување на охридски бисер за спомен од древниот град. (Крај)

извор: dnevnik.hr фото: dnevnik.hr

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest