vmroohridlogo

ВМРО-ДПМНЕ: Тунтев влезе во историјата како пратеник што најдолго му делел комплименти на својот партиски шеф

Охрид, 25. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Томислав Тунтев ако има чувство на одговорност кон себе си и кон македонскиот народ треба да се срами и да се повлече од политичката сцена, порачуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Во Собранието претходно ја излажа македонската јавност обраќајќи се на десетина јазици со зборовите: нема никаква платформа, за сега да ја има, додека овојпат на седницата за пратенички прашања направи театар со кој СДСМ глуми демократија. Томислав Тунтев влезе во македонската парламентарна историја како пратеник што најдолго му делел комплименти на својот партиски шеф од говорницата на законодавниот Дом. Нов рекорд од собраниската говорница, замислете цели 16 минути го фалеше својот лидер Зоран Заев и отиде дотаму што на премиерот му го раскажа сонот којшто го имал изминативе 10 години да дојде премиер како него. Да е театарот уште покомичен, Зоран Заев му се оддолжи со одговарање на неговите констатации, навидум надградени и проширени со прашања околу Охрид. Заев во предизборниот период велеше дека нема да дозволи да се злоупотребува говорницата, потоа потенцира дека нема намера да одговара на прашања од владејачкото мнозинство, за сега од власт дека тоа е деловничка обврска и би се прекршил деловникот, стои во дописот до медиумите.

Од партијата прашуваат каде е моралната одговорност на Томислав Тунтев кон она што значи просперитет и живот за градот Охрид и каква е неговата борба за интересите за Охрид знаејќи ја можноста на неговото делување за градот Охрид низ различни функции?

– Претходно како координатор на советничката група на СДСМ и заменик-градоначалник со лошото раководење и одлуките имаше големо влијание што Охрид наследи милионски  долгови, катастрофална финансиска состојба во јавните претпријатија и невиден урбан хаос. Зошто не се откаже од надоместокот за патните трошоци за изминатите месеци? Зошто за 9 месеци не реализираа барем еден проект за Охрид? Охриѓани за многу кратко време видоа дека оваа Власт наместо живот донесе беда, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest