karolinafeelohrid-640x359

Концерт на Каролина Гочева на 9-ти март во Охрид

Охрид, 27. февруари 2018 (ИНПРЕС) – Во организација на FEEL Продукција, наскоро во Охрид ќе се одржи охридска промоција на новиот албум на неповторливата Каролина Гочева „Извор“.

– Дојдете и слушнете ги песните од последниот албум на Каролина во живо, а сите заедно ќе се потсетиме и на најубавите нумери од проектот „Македонско девојче“. Повторно повелете „СИТЕ ВО ОХРИД“, да се забавуваме со квалитетна музика и артисти. Ќе имаме еден фантастичен 8-мо мартовски викенд во нашиот прекрасен Охрид, порачуваат од FEEL Продукција.

Концертот ќе се одржи во петок, 9-ти март, во Спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 21:00 часот.

Од FEEL Продукција наскоро ќе ги објават и деталите за цената на влезниците, како и за продажните места. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest