opcija-nvo

НВО Опција – Охрид ќе добие средства од Владата за превентивните програми за ХИВ и туберколоза

Охрид, 2. март 2018 (ИНПРЕС) – Невладината организација „Опција“ од Охрид е меѓу здруженијата кои ќе добијат средства од државата за превентивните програми за ХИВ и туберколоза.

Министерот за здравство, Венко Филипче, потпиша договор со 15 граѓански организации од земјава за активности утврдени во Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција за годинава.

Ова е првпат државата во целост да ги преземе обврските за обезбедување терапија за овие лица, кои во претходните години беа потпомогнати со  грант на Глобалниот фонд. Унапредувањето на третманот на лицата со ХИВ/сида е еден од врвните приоритети на македонската Влада и на и Министерството за здравство, потенцира Филипче.

За програмите за ХИВ за годинава се обезбедени 95 милиони денари од кои 47 милиони денари се за превентивните програми кои ќе ги имплементираат здруженијата, околу 43 милиони денари се за третманот за ХИВ, а остатокот од пет милиони денари се за Институтот за јавно здравје, центрите за јавно здравје кои се поврзани со мониторинг и евалуација на овие програми. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest