evra1

Одобрена последната транша за Грција „тешка“ 5,7 милијарди евра

Атина, 5. март 2018 (ИНПРЕС) – Грција доби зелено светло за нова и последна транша од кредитната помош од 5,7 милијарди евра во рамки на програмата која формално ќе заврши во август.

– Префрлањето на средствата ќе биде извршено до средината на март откако ќе биде одобрено од парламентите во земјите во ЕУ, соопшти Министерството за финансии на Грција.

Со ова формално ќе заврши третиот круг од евалуацијата на реформите во Грција кои ѝ беа наметнати во замена за финансиска помош во јули 2015 година.

Министрите за финансии на еврогрупата ги блокираа средствата на 19 февруари барајќи од Грција да покрене систем на електронска аукција на недвижнини запленети од граѓаните поради неотплатени кредити. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest