kosarkaavohrid-split

АВ Охрид поразен дома од Сплит

Охрид, 8. март 2018 (ИНПРЕС) – Екипата на Сплит го победи АВ Охрид на домашен терен, во рамки на 19-то коло од втората АБА лига.

Хрватите славеа со резултат 76-108. Ова беше уште еден пораз во низа за охридските кошаркари, додека за гостите од Хрватска четврта победа во последните пет натпревари.

kosarkaavohrid-split2

Најпрецизен во нашиот состав беше Рос Кенет со 30 поени, Војче Лефковски постигна 10 погодоци, а капитенот Антонио Донески 8.

Охридските кошаркари во следното коло гостуваат кај Босна Ројал. (Крај)

извор: ИнПрес фото: АБА 2 лига

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest