Eye-Cue

Евровизиската „Lost and found“ ќе биде промовирана во недела, 11-ти март

Скопје, 9. март 2018 (ИНПРЕС) – Евровизиската песна со наслов „Lost and found“ со којашто Ај Кју ќе ја претстават Македонија на 63-тото издание на Евровизија, премиерно ќе биде прикажана во недела на 11-ти март.

Песната ќе биде промовирана со видео запис во Дневник 2 на МРТ со почеток во 19:30 часот. Режисер на видео спотот е Јован Куциновски.

Автор на музиката и текстот на песната е гитаристот и вокал на групата Бојан Трајковски, а за аранжманот и продукцијата се погрижи Дарко Димитров.

63-та Евровизија годинава ќе се одржува во Лисабон, Португалија, од 8-ми до 12-ти мај. Ај Кју настапуваат во втората половина на првата полуфинална вечер на 8-ми мај. Конечниот редослед дополнително ќе биде одреден од страна на продуцентите на шоуто. (Крај)

извор: МРТ фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest