bonatti-1-640x360

Отворена продавница на брендот Bonatti во Охрид (Фото)

Охрид, 9. март 2018 (ИНПРЕС) – Понудата во Охрид збогатена со уште еден бренд, денеска свечено беше отворена продавницата на Bonatti.

Станува збор за српски бренд за долна облека, костими за капење, пижами, односно се што е врзано околу интимата на мажите и жените.

bonatti 3

Брендот постои повеќе од една деценија, а во Македонија веќе три години. Започнавме со големопродажба, сега веќе имаме сопствени продавници. Оваа во Охрид е петта продавница, имаме три во Скопје и една во Куманово. Се надеваме дека ќе се приближиме до граѓаните на Охрид и се дека ќе бидат задоволни, рече Драган Ангеловски, сопственик и управител на „Леонард груп“, застапник за брендот Bonatti за Македонија.

DraganBonatti

– Што се однесува до перидов наназад, сме задоволни од постигнатото, луѓето го препознаа брендот, но секако треба дополнителна реклама и анимирање на истиот. Жените се главни купувачи, не само на долна облека, туку и воопшто на се што е поврзано со овој вид облека. Сметам дека сме лидери во асортиманот и квалитетот на костимите за капење, на моделите кои ги имаме и поради тоа најмногу сакавме да бидеме присутни во Охрид со своја продавница каде ќе можеме најдобро да ги промовираме производите на Bonatti. Воопшто целата линија на Bonatti карактеризира удобност на материјали и нормално и цените се соодветни на производот, потенцира Ангеловски.

Bonatti 2

bonatti 4

Брендот е присутен на екс ју просторите, во поново време и во Бугарија, Унгарија, Италија, како и во Швајцарија и Шведска.

Се работи за бренд кој брзо се шири. Купувачите многу брзо и лесно го препознаваат и се уверуваат во квалитетот.

Продавницата Bonatti во Охрид се наоѓа наспроти судската зграда. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest