feelmotion_festival_640x360

На почетокот на април по трет пат Feelmotion во Охрид

Охрид, 10. март 2018 (ИНПРЕС) – Од 2-ри до 6-ти април на Филмската академија во Охрид ќе се одржи третото издание на фестивалот Feelmotion.

Студентите веќе се подготвуваат за најновата Филмоција. Feelmotion е филмски фестивал и интернационална средба на филмаџии, кој е во организација на студентите на ФИОФА – Институт за филм, Филмска академија.

И годинава, освен студентски филмови, на програмата ќе биде и мастер клас на Bern Buder кој е член на Европската филмска академија, како и истакнатиот чешки продуцент Ivo Mathé. Посетителите и гостите ќе имаат можност да ја погледнат и изложбата Коста Дупчинов, а помеѓу проекциите ќе има организирани друштвени игри и филмски работилници.

На крајот на секој ден се организирани забави, на отварањето домаќините ќе ги забавуваат гостите со нивниот супер ФИОФА бенд кој е составен од студентите на ФИОФА, Mitrik [Room313] ќе има свој DJ сет на 3-ти април, а останатите денови се организирани забави во локалните култни охридски барови и дискотеки. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest