Во БиХ ќе се патува со лична карта

Скопје, 12. март 2018 (ИНПРЕС) -Набргу во Босна и Херцеговина македонските граѓани ќе може да патуваат само со лична карта, најавија премиерот Зоран Заев и претседавачот на Советот на министрите на БиХ, Денис Звиздиќ, на заедничката прес-конференција во Владата.

Ова значи дека и на граѓаните на БиХ за влез во Македонија нема да има биде потребен пасош, туку само лична карта.

Само со лична карта македонските граѓани може да патуваат и во Србија и во Албанија.

Исто така, Заев и Звиздиќ склучиле договор за соработка во областа на образованието според кој учениците и студентите ќе може да се запишуваат во двете држави под исти услови. (Крај)

извор/фото: Макфакс