gradski-grobista

До крај на март да се подмират долговите кон ЈП „Градски гробишта“

Охрид, 12. март 2018 (ИНПРЕС) – Од ЈП „Градски гробишта“ ги повикуваат физичките и правните лица до крајот на овој месец да ги подмират долговите по основ на такса за гробарина и фактури за гробни места или услуги.

Доколку сметките не бидат платени, ќе бидат покренати соодветни постапки пред надлежните органи, а должниците ќе бидат оптоварени со дополнителни трошоци кои произлегуваат од постапките, информираат од претпријатието. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest