ucenicikrusevo-640x355

Ученици од ОУ „Григор Прличев“ со забележителен успех на регионалниот натпревар по физика

Oхрид, 13. март 2018 (ИНПРЕС) – Ученици од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид постигнаа забележителен успех на регионалниот натпревар по физика кој се одржа викендов во Крушево.

Учество зедоа ученици од Основните училишта од Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Ресен, Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево и помалите места. Учениците од ОУ „Григор Прличев“ се пласираа меѓу најдобрите, освојувајќи ги следните награди:

1. Ева Китрозоска VIII-2 одд – I награда
2. Јана Петреска IX-3 одд – I награда
3. Патар Мишов IX-1 одд – II награда
4. Анастасија Стојаноска IX-3 одд – III награда
5. Ева Бимбилоска VIII-1 одд – пофалница

Ментор на учениците е наставничката по физика Славица Јолакоска Таштаноска. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest