evnsanacijabandera-640x359

Мештаните на Куратица на протест „Стоп за несериозноста на ЕВН“

Охрид, 13. март 2018 (ИНПРЕС) – Месната заедница на селото Куратица утре ќе организира протест пред седиштето на ЕВН во Охрид.

– Многу села од поранешна коселска општина за време на зимските месеци остануваат со денови без напојување со електрична енергија. Целта е да им се препорача да инвестираат во мрежата. Да ставиме крај на несериозноста на ЕВН.
Ќе се достави и писмено барање до ЕВН за санирање на катастрофалната состојба на мрежата, и рокови за нејзино оспособување, информираат одговорните.

Тие ги повикуваат сите кои го поддржуваат овој протест да се приклучат на истиот. Закажан е за утре, 14-ти март, точно во 12:00 часот пред седиштето на ЕВН во Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest