opstinaohridsologo

Стартуваат бесплатните курсеви за монтери, заварувачи и за изучување на полски јазик

Охрид, 13. март 2018 (ИНПРЕС) – Од денеска започнуваат бесплатните курсеви за монтери, заварувачи и изучување на полски јазик.

Истите ќе се реализираат согласно годишната програма на секторот за ТЛЕР за оваа година во која е предвидено да се спроведат стручни обуки за невработени лица, како и обуки за прекфалификација и докфалификација во соработка со соодветни институции и работодавачи, со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените и подобрување на нивните квалификации за идно вработување.

Со оваа мерка ќе бидат опфатени вкупно 34 лица кои претходно беа избрани на јавен повик, согласно спроведената анкета за дефицитарни кадри и профили.

Планираните обуки ќе ги спроведува  Општинската јавна установа „Кузман Шапкарев“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest