alumniohrid

Почетен состанок на Асоцијацијата на алумни од Западен Балкан во Охрид

Охрид, 15. март 2018 (ИНПРЕС) – Асоцијацијата на алумни од Западен Балкан денес во хотелот „Метропол“ во Охрид ќе одржи почетен состанок на кој поздравно обраќање ќе има министерката за образование и наука Рената Дескоска.

Како што информираат од МОН, на настанот ќе учествуваат околу 300 учесници во високото образование, студенти и алумни, претставници од министерства од регионот на Западен Балкан, ректори на универзитети, унии на студенти, како и официјални претставници на ЕУ и претставници на бизнис-заедницата.

– Целта на настанот е да се воспостави моќна унија на студенти од регионот на Западен Балкан со цел за да се поддржи модернизацијата и да се подобри квалитетот на високото образование во регионот, но и да им се помогне на младите луѓе во нивниот академски и кариерен развој кон нивно успешно вработување, соопштија од МОН. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest