cka-phv_crven_krst

Хуманитарна забава во кафе бар „Шила“ за помош на охридско семејство

Охрид, 20. март 2018 (ИНПРЕС) – Хуманитарна забава ќе се одржи вечерва во кафе барот „Шила“.

Собраните средства ќе бидат наменети за помош на социјално загрозено семејство во кое мајката е невработена, таткото е без работна способност поради здраствени проблеми и дете со пречки во развојот.

Оваа активност е во рамки на програмата Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности.

Влезницата чини 100 денари со еден пијалок, а забавата е со почеток во 21:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest