proletohrid

Започнува пролетта

Охрид, 20. март 2018 (ИНПРЕС) – Денес, точно во 17:15 часот во Република Македонија и на северната полутопка настапува пролетта.

Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента. Пролетта ќе трае до 21-ви јуни во 11:07 часот кога календарски почнува летото. Сонцето изгреа во 5:39 часот, а ќе зајде во 17:44 часот. Првиот пролетен ден ќе трае 12 часа и 5 минути.

Пролетта на северната полутопка во 2007 почна на 21-ви март во еден часот по полноќ. Тоа беше последен пат во овој век пролетта во Европа да почнува на денот кога децата уште во основно школо го учат како прв ден од пролетта. Од 2008 година тоа е веќе втор ден од пролетта, а во Америка од 2016-та година дури трет ден, со оглед на тоа дека ова годишно време на тој континент почнува на 19-ти март. Датумите на почетокот на годишните времиња варираат од година во година поради несовршеноста на календарот и елиптичноста на Земјината орбита околу Сонцето. Пролетта е едно од оние годишни времиња, кои според конвенцијата на северната Земјина полутопка ќе трае дел од март, цел април, мај и дел од јуни, а на јужната Земјина полутопка дел од септември, цел октомври, ноември и дел од декември. Годината не трае точно 365 или 365,25 дена. Грегоријанскиот календар е составен да биде што приближно до износот на астрономската година, т.е. времето кое на Земјата и е потребно за да го обиколи Сонцето. Поради тоа не секоја четврта година е престапна. Престапни не се „кружните“ години на крајот на векот, кои не се деливи со 400 (1700, 1800,1900), а истото важи и за „кружните години“ кои означуваат крај на милениумот, а кои се деливи со 4000 (4000, 8000 години). Последниот викенд во март ќе почне и летното сметање на времето, па во ноќта помеѓу 24 и 25 март часовниците треба да се поместат за еден час напред.

Според најавите на метеоролозите денес не очекува умерено облачно време, со умерен западен ветер. Температурата во Охрид ќе достигне до 11. степени.

Летното сметање на времето ќе започне претстојниов викенд, кога стрелките на часовникот ќе треба да се поместат еден час нанапред. (Крај)

извор: ИнПрес/Факултети.мк фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest